Со одлична динамика напредува изградбата на новата детска градинка во населеното место Бутел 2.
Во новата градинка се завршуваат внатрешните градежни активности.
Новиот објект ќе биде завршен согласно предвидениот рок. Новата градинка се протега на површина од 1800 м2, со 3 влеза, 7 занимални со 7 спални соби, 2 занимални со заеднички спални соби и една просторија за јасли. Во новиот објект ќе има и посебна просторија за изолација и медицинска сестра и млечна кујна.
Градинка ќе овозможи згрижување на 200 деца и ќе ги исполнува сите услови за згрижување на деца од предшколска возраст.
Објектот кој замина во историја беше изграден во далечната 1964 години и по 60 години се гради нова детска градинка.
Општина Бутел реализира големо барање на граѓаните. Ова е капитален објект кој се гради по долги години лажни ветувања.