ОПШТИНА БУТЕЛ АПЕЛИРА ЗА ОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ
Општина Бутел продолжува со чистење на сите места каде што е потребно.
На барање на граѓаните, иако не е под надлежност на општина Бутел, исчистена е големата депонија на влезот на населеното место Кучевишка Бара.
Ова е депонија која е создадена на јавна градска површина и не се превземаше никакви активности за расчистување.
Целта на локалната самоуправа е општина без депонии, а граѓаните да бидат партнер во зачувување на хигиената.
Граѓаните на општина Бутел заслужуваат да живеат во здрава и чиста средина.







