Општина Бутел продолжува со чистење на сите места каде што е потребно.
Исчистена е големата депонија на автобуската станица на јавниот градски превоз како и околните улици во близина на Градските гробишта.
Целта на општина Бутел е општина без депонии, а граѓаните да бидат партнер во зачувување на хигиената.
Градоначалникот Дарко Костовски упати апел до граѓаните за нивно одговорно однесување и да не ја загадуваат животната средина.




