Денес општина Бутел и општинското основно училиште “Живко Брајковски” беа домаќини на завршниот настан од проектот “Градиме нови мостови” чии носител е мисијата на ОБСЕ а со поддршка на Министерството за образование и наука како и од Амбасадите на САД, Холандија, Полска и Луксембург.
Општина Бутел е симбол на почитување на меѓуетничките односи и овој проект е уште еден доказ дека во општината вистински се негуваат и почитуваат меѓуетничките односи и се негува маалскиот живот.
Мостовите кои што општината ги изгради преку овој проект не се само симболични, тие се реални и силни.
Локалната самоуправа ќе продолжи да гради нови мостови, мостови кои што ги надминуваат поделбите, создаваат нови можности и ќе ги инспирираат идните генерации.
Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки до учениците за одлично спроведениот проект. Тие се иднината и тие ја имаат моќта.
Со денешениот настан не се одбележа крај, туку продолжување на заедничката визија за општина Бутел која е обединета, силна и креативна.





