Денес во Љуботен дадениот збор на градоначалникот Дарко Косовски на Расим, Кадри, Сулејман, Шерефедин но и на сите граѓани на овaa улица се исполни. Општина Бутел ги асфалтираше улиците кои што беа ветени на граѓаните.
Дадениот збор на градоначалникот тежи и со дела покажа дека се што ветил, го исполнил.
Работата на терен е вистински доказ за посветеноста.
Локалната самоуправа реши деценски проблеми, нема повеќе заборавени граѓани на општина Бутел.
Со денешното асфалтирање за првпат е поставен асфалт на краци од улиците.
Општина Бутел и во наредниот период ќе продолжи со асфалтирање на улиците во Љуботен.
Наскоро започнува и целосна реконструкција на главните улици во Љуботен кои не се реконструирани од 1998 година.
Се подобрува патната мрежа во сите населени места и градежната офанзива се одвива со силна динамика.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.
Општина Бутел наскоро ќе започне со изградба на водоводот.







