Денес започна поставувањето на сообраќајната опрема во општина Бутел за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Општина Бутел во соработка со жителите кои ги посочија локациите, постави препреки за намалување на брзината на возилата или “легнати полицајци” на повеќе фреквентни локации и улици во Љубанци, Љуботен, Радишани, Расадник, Љуботенски Пат, Бутел 1, Скопје Север, Бутел 2 и Визбегово.
Поставувањето на нови таканаречени “легнати полицајци” ќе овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и на возачите.
Ова е уште едно предизборно ветување на градоначалникот Дарко Костовски , коешто постојано се исполнува.




