Локалната самоуправа изминатите 4 години подаде рака на сите спортисти.
Општина Бутел стана прва општина во Република Македонија која директно ги финансираше и поддржуваше спортистите во нивните успеси.
Градоначалникот Дарко Костовски искрено се надева дека некои од стипендистите ќе ги повторат успесите на Дејан, Елмас, Шабан.
Спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.
Општина Бутел е најспортска општина во Македонија согласно постигнатите спортски успеси и спортската инфраструктура.
Градоначалникот Дарко Костовски ќе биде силен партнер на сите спортисти и спортски клубови и во наредните 4 години.