Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ДЕН ЗА ИСТОРИЈАЉУБАНЦИ И ЉУБОТЕН ЌЕ ДОБИЈАТ ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

Денес градоначалникот Дарко Костовски заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и вицепремиерот Александар Николоски извршија увид во градежните активности на историскиот проект за изградба на водовод за Љубанци и Љуботен.

Многумина не се ни обидоа, многумина не веруваа, но по 30 години лажни ветувања денес овој проект е реалност.

Пред 4 години градоначалникот го вети овој проект и денес зборот го одржа.

Општина Бутел ја подготви целата проектна документација и макотрпно работеше на овој проект.

Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски обезбеди 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти а тоа е водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен со чиста вода за пиење од градскиот водовод.

Градоначалникот изрази благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, до вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски за големата поддршка која ја дадоа за реализација на овој исклучително значаен проект.

Исто така, градоначалникот изрази благодарност и до жителите на селата Љубанци и Љуботен кои даваат голема поддршка и ја видоа искрената заложба за овој проект конечно да се реализира.

Previous ОПШТИНА БУТЕЛ ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.