Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

РАДИШАНИ ДОБИ НОВ МЕГА-ПАРК ОД 10 000 м2

По повеќе децении празни ветувања едно од најголемите барања на жителите на населба Радишани е реалност.

Мега-паркот се простира на површина од 10.000 m2.

Големиот плоштад и пешачките патеки се на површина од 4.000 м2.

Големо детско игралиште за најмалите со реквизити и мека подлога се една од главните содржини на паркот.

Целиот парк е осветлен со лед осветлување.

Паркот има и голема површина на зеленило кое се протега на 6.000 м2 за сето ова убаво да изгледа. Поставен е и посебен систем за наводнување.

Вкупна вредност на проектот е 19.993.529,00 денари.

Граѓаните го добија тоа што го чекаа со децении.

Градоначалникот Дарко Костовски изјави дека е убеден дека ова ќе биде ново централно место во населба Радишани на кое граѓаните ќе се собираат и ќе се дружат.

Општина Бутел продолжува да креира иднина, преку дела кои граѓаните ги заслужуваат.

Previous ДЕН ЗА ИСТОРИЈАЉУБАНЦИ И ЉУБОТЕН ЌЕ ДОБИЈАТ ЧИСТА ВОДА ЗА ПИЕЊЕ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.