Денес во Љуботен дадениот збор кон сите граѓани се реализира.
Општина Бутел целосно ја реконструираше улица 1.
Локалната самоуправа реализира децениско барање, нема повеќе заборавени граѓани.
Улица 1 е главната улица која поминува покрај основното училиште и од 1998 година до ден денес воопшто не беше реконструирана.
Во изминатиот период се асфалтираа неколку улици кој се опфатени во оваа фаза, а продолжува реконструкцијата и во наредните денови.
Наскоро започнува реконструкцијата и на дел од улица 3.
Се подобрува патната мрежа во сите населени места, а приоритет добија оние места каде што досега никогаш немало асфалт.
Градежната офанзива се одвива со силна динамика.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.














