Поради алармантната состојба, општина Бутел спроведува вонредна акција за собирање на сметот нa територијата на општината.
Поради нефункционалност и целосниот колапс на ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје граѓаните се соочуваат со депонии пред нивните домови.
Општина Бутел започна акција со собирање на сметот од зелените канти пред домовите на граѓаните, а отпадот се одлага на депонијата “Дрисла”.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност до комуналните работници за нивната ангажираност во интерес на граѓаните на општина Бутел.
Локалната самоуправа ќе продолжи и следните денови со собирање на сметот.






