Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

УШТЕ ЕДНО ДЕЦЕНИСКО БАРАЊЕ СЕ РЕАЛИЗИРА

Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел.

Денес градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните работи на улицата “Боро Кралевски” која во рекордно брзо време се завршува.

Улицата “Боро Кралевски” се протега на површина од 4000 метри квадратни и должина од 568 метри.

Повеќе од 40 години оваа сообраќајница никој не ја реконструирал.

Општина Бутел во изминатиот период ги реконструира улиците “Симче Настевски”, “Киро Димишков” и “Скоевска”.

Градоначалникот истакна дека граѓаните се оние кои му ја дадоа довербата и работи во нивен интерес.

Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.

Previous ОПШТИНА БУТЕЛ ПРОДОЛЖУВА СО СИЛНА ДИНАМИКА ДА ЈА ГРАДИ НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО БУТЕЛ 2

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.