Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ОПШТИНА БУТЕЛ ЗАЕДНО СО ГРАД СКОПЈЕ ГО ЗАПОЧНУВА МЕГА-ПАРКОТ

Денес градоначалникот Дарко Костовски заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски означија почеток на изградба на мега-паркот на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“.

Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ ќе прерасне во функционален зелен простор — мега-парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес-зони, со содржини наменети за сите возрасти.

Инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот.

Градоначалникот Дарко Костовски заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најавија вистински инфраструктурен бран во општина Бутел.

Град Скопје ќе изгради кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, како дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје.

Паралелно со тоа ќе следи целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со нов асфалт, пешачки патеки, улично осветлување и атмосферска канализација, која конечно ќе го реши долгогодишниот проблем со поплави.

Меѓу пошироките проекти што следуваат се реконструкцијата на стариот Качанички пат и развојот на економската зона “Визбегово”, како и ревитализацијата на коритото на  Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.

Previous НОВА ЕНЕРГЕТСКА ФАСАДА НА ООУ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.