Општина Бутел продолжува со силна градежна офанзива и ги реализира ветувањата.
Локалната самоуправа ги менува работите за да обезбеди пристојни услови за живот на сите граѓани.
Градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности на улица 21 во населеното место Расадник која во најбрз можен рок е целосно реконструирана. Ова е улица во должина од 450 метри.
На барање на жителите обезбедени се и дополнителни паркинг места.
Во ова населено место ќе се реконструираат улиците “Бутелска 2”, “Ангел Мојсковски”, “Александар Грличков” и “Љубинка Басотова”.
Општина Бутел инвестира и гради онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес.
Локалната самоуправа продолжува заедно со сите граѓани да ја гради и развива општината во подобро место за живеење.






