Денеска се одржа првата конститутивна седница на советот на општина Бутел на која беа верифицирани мандатите на избраните членови на Советот.
На оваа седница со мнозинство гласови беше избран и новиот претседател на советот на општина Бутел д-р Никола Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.
Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки за изборот и му посака успешна работа.
Градоначалникот истакна дека искрено и од се срце се надева на одлична и конструктивна соработка со Советот на општина Бутел и дека заедно ќе реализираат многу проекти за доброто на граѓаните на општина Бутел.







