Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

100 НОВИ ДРВЈА ЗАСАДЕНИ НА ПАРКОТ ВО РАДИШАНИ

Денес општина Бутел засади 100 листопадни и зимзелени дрвја во мега-паркот во Радишани.

Мега-паркот се протега на површина од 10.000 м2, а големиот плоштад и пешачките патеки се протегаат на површина од 4.000 м2.

Големо детско игралиште за најмалите со реквизити и мека подлога се една од главните содржини на паркот.

Целиот парк е осветлен со лед осветлување.

Паркот има големо зеленило кое се протега на површина од 6.000 м2. и поставен е посебен систем за наводнување.

Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека сограѓаните го добија тоа што го чекаа со децении.

Градоначалникот изјави дека ова е ново централно место во населба Радишани на кое граѓаните ќе се собираат и ќе рекреираат.

Локалната самоуправа продолжува да креира иднина, преку дела кои граѓаните на општина Бутел ги заслужуваат.

Previous СЛОБОДНО СКОПЈЕ – 13 НОЕМВРИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.