Денес по повод големиот христијански празник обновување на храмот на светиот великомаченик Георгиј во Лида, градоначалникот Дарко Костовски присуствуваше на Божествена Литургија во храмот “Свети Георгиј Победоносец” во Чаир, со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан.














