Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ И НОВ ПЛОШТАД НА СРЦ “МАКЕДОНИЈА”

Општина Бутел изгради ново детско игралиште на површина од 400 м2 во спортско-рекреативниот центар “Македонија”. Покрај тоа, се реконструираше и малиот плоштад.

Поставена е нова урбана опрема, нова ограда и ново осветлување.

Запуштеното место со руинирани игралишта денес претставува модерен спортско-рекреативен центар на површина од 6.000 м2. Исто така, во населеното место Радишани е изградено ново корито на река Серава, пешачка патека, фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, баскет игралиште со специјална подлога, детско игралиште со мека подлога, фитнес зона, нов парк и се обезбедени дополнителни паркинг места.

Општина Бутел се менува.

Општина Бутел вложува во понатамошен развој на спортот, обезбедувајќи здрава иднина на новите генерации.

Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани.

Previous ОПШТИНА БУТЕЛ ЌЕ БЛЕСНЕ ВО ДОСЕГА НАЈУБАВО НОВОГОДИШНО РУВО

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.