Денес беа доделени решенија за работното место наставник. Со овие решенија општината и училиштето официјално ја потврдуваат довербата, професионалноста и посветеноста на нашите наставници.
Наставничката професија претставува чест, но и одговорност. Таа бара знаење, труд, интегритет и посветено водење на учениците кон образование и успех. Денешното признание е доказ дека тие вредности се препознаени и вреднувани.
Општина Бутел посветено продолжува да го уинапредува квалитетот на наставниот процес.









































