Денес официјално беше промовирана „Платформа за следење на проекти“ на Владата на Република Македонија, која ја претстави Премиерот Христијан Мицкоски.
Ова е платформа која ќе овозможи секој граѓанин да ја провери реализацијата на инфраструктурните проекти во општините, кои се спроведуваат со средства од Владата.
Ова е уште една силна алатка за зголемена транспарентност и целосна отчетност кон граѓаните.
Општина Бутел е меѓу најдобрите општини по број на реализирани проекти.
Секој граѓанин мора да знае како се трошат буџетските пари и тоа оваа нова платформа го гарантира.






