Денес градоначалникот Дарко Костовски заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски ја отворија новата полициска станица Бутел.
Конечно, полициските службеници добија достојни услови за работа каде што непречено ќе можат да ги вршат своите работни задачи.
Новата полициска станица се наоѓа на местото на домот “25 Мај” на улицата “Александар Урдаревски”, патот кон градските гробишта Бутел.
На местото на старата полициска станица, општина Бутел ќе добие дом на културата и мега-парк, кој ќе биде нов симбол на културно – забавниот живот.
Домот на културата ќе се простира на кат и приземје на површина од 900 м2.
Проектот за овој капитален проект е целосно изработен.
Ова е еден од проектите кој граѓаните на општина Бутел го очекуваат долго време и конечно ќе се реализира.
Општина Бутел се развива и напредува












