Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВОГОДИШЕН ТУРНИР ВО ФУДБАЛ ПОД ПОКРОВИТЕЛСТВО НА ОПШТИНА БУТЕЛ

Општина Бутел ја продолжува традиција и оваа година е покровител на петтиот новогодишен турнир за младински категории во фудбал.

Локалната самоуправа обезбеди квалитетни услови за игра, медали, пехари, новогодишни пакетчиња и благодарница за секој учесник.

Овие четри дена општина Бутел беше домаќин во спортската сала “Антон Димитров” на 250 дечиња од 16 клубови од Скопје и Македонија, кои низ фудбалската игра се дружеа и забавуваа пред претстојните новогодишни празници.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до ФК “Бутел” како технички организатор на овој убав турнир.

Општина Бутел и градоначалникот ќе бидaт постoјани партнери на младите и секогаш ќе го поддржуваат спортот.

Previous НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА НА УЛИЦИТЕ ВО БЕЛ КАМЕН

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.