Денес учениците од ООУ “Св. Климент Охридски” беа во посета на општина Бутел.
Градоначалникот ги запозна со неговата работа, со работата на советот, како и со работата на општинската администрација.
Многу паметни и тешки прашања доби од учениците на кои им даде ветување дека заедно ќе се решаваат проблемите и заедно ќе се гради општина Бутел.
Голема беше радоста кај учениците кога заедно беа договорени изградбите на новите игралишта и новите паркови.








