Денес градоначалникот Дарко Костовски заедно со градоначалниците и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го потпишаа Меморандумот за соработка во рамки на проектот “Европска престолнина на културата – Скопје 2028”.
Ова претставува значаен и историски чекор за општина Бутел, со што општината станува активен и рамноправен дел од најголемиот европски културен процес што некогаш се реализирал во нашиот град.
Со ова, општина Бутел јасно ја потврдува својата визија за развој, отвореност и европска ориентација, ставајќи ја културата во срцето на локалниот и општествениот напредок.
“Скопје 2028” не е само културна титула, тоа е доказ дека европските вредности не се апстрактни, туку живи и применливи на локално ниво.
Општина Бутел останува посветена на активна, одговорна и креативна улога во реализацијата на овој процес, со јасна цел да придонесе кон достоинствено, успешно и европско Скопје во 2028 година и понатаму.





