“Вечниот Бог слезе и во Дева се всели; Свет, Свет, Свет си Пресвет Господи; Со Ангелска песна “Вечниот Бог” радосно го најавивме Христовото Раѓање.
Слава на Бога во висините, на земјата – мир и меѓу луѓето – добра волја. Ова е еден од најубавите денови исполнет со многу радост, среќа и насмевки. Ги пречекав предвесниците на Христовото Раѓање и сите добија божиќни пакетчиња. За овие денови живееме, за овие денови постоиме. Да ја шириме радоста заедно. Благодарност за сите дечиња и родители кои го направија овој ден посебен. Слава тебе Господи ” – градоначалник Дарко Костовски.













