Денес, во духот на православната вера во осветените води беше положен Светиот Крст.
И оваа година голем број верници учествуваа на настанот, на повеќе локации во општина Бутел.
Градоначалникот Дарко Костовски на верниците во Љубанци, Радишани, Љуботен и Бутел им посака многу здравје, среќа и успех. Воедно, посака мир, здравје, пород, љубов и разбирање на целиот македонски народ.


















