Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ЈУБИЛЕЈ 70 ГОДИНИ ЈОУДГ “11 ОКТОМВРИ”

Пред 70 години на 26 јануари 1956 е основата детската градинка “11 Октомври”.

Денес градоначалникот Дарко костовски заедно со директорката на градинката им оддадоа посебна чест на пензионираните негуватели, воспитувачи и персонал кој својот работен век го поминале во детската градинка.

Овие луѓе со несебичен труд, посветеност и многу љубов придонесоа во воспитно-образовниот процес на најмладите.

Ова е прв настан од низата настани кои ќе се организираат по повод јубилејот.

Градоначалникот нагласи дека денес продолжуваме заедно да ја градиме градинката во успешна приказна низ која поминуваат најмладите наши жители. Љубовта, професионалноста и грижата за најмладите се темел за нашата долготрајна традиција и успех.

Општина Бутел реализираше голем број на проекти со цел подобрување на условите за дечињата.

Градоначалникот посака долги години успешна работа со која ќе се создаваат силни генерации.

Previous РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СИТЕ ПЕШАЧКИ ПАТЕКИ ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО СКОПЈЕ-СЕВЕР

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.