Денес градоначалникот Дарко Костовски го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош, за 525 пензионери од општина Бутел.
Комисијата продолжува со работа – исплатата се одвива согласно редоследот на поднесените барања и ќе заврши до крајот на оваа недела.
Финансиската поддршка е значајна активност која обезбедува повеќе сигурност и достоинство за највозрасните граѓани.
Локалната самоуправа е посветена на креирање политики за заштита на животниот стандард на граѓаните.
