Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

“БУТЕЛСКИ СЕЗНАЈКОВЦ”

Денес во општина Бутел се организираше “Олимпијада на бутелски сезнајковци” на кои учествуваа најдобрите ученици од 8 општински училишта.

Низ вкупно 4 игри-квиз на знаење, асоцијации, буква по буква и игра на подготвеност, многу забава и дружење беа избрани најдобрите од најдобрите ученици кои ги претставуваа своите основни училишта.

Прво место освоија учениците од “Ацо Шопов”, второ учениците од “Гоце Делчев” и трето место учениците од “Живко Брајковски”.

Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки за сите учесници на овој квиз и изрази благодарност на општествено одговорните компании кои ги наградија сите денешни учесници.

Општина Бутел континуирано вложува во унапредување на образовниот процес.

Инвестирањето во квалитетно образование е влог во иднината.

Previous ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС И ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА „МЕМОРИЈАЛЕН ТУРИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ЉУБАНЦИ -2026 година“

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.