Денес во општина Бутел се организираше “Олимпијада на бутелски сезнајковци” на кои учествуваа најдобрите ученици од 8 општински училишта.
Низ вкупно 4 игри-квиз на знаење, асоцијации, буква по буква и игра на подготвеност, многу забава и дружење беа избрани најдобрите од најдобрите ученици кои ги претставуваа своите основни училишта.
Прво место освоија учениците од “Ацо Шопов”, второ учениците од “Гоце Делчев” и трето место учениците од “Живко Брајковски”.
Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки за сите учесници на овој квиз и изрази благодарност на општествено одговорните компании кои ги наградија сите денешни учесници.
Општина Бутел континуирано вложува во унапредување на образовниот процес.
Инвестирањето во квалитетно образование е влог во иднината.
















