Денес, градоначалникот Дарко Костовски заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски извршија увид увид во градежните активности за изградба на мега-паркот на булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“.
Запуштениот простор долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“ прераснува во модерен и функционален зелен простор — мега-парк со богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки и фитнес-зони, со содржини наменети за сите возрасти.
Инвестицијата во зелени површини е инвестиција во здравјето и иднината на градот.
Општина Бутел и Град Скопје се развиваат модерно и урбано.









