Јубилејниот 5-ти турнир заврши со спектакуларни натпревари.
Овој викенд општина Бутел и населба Радишани беа во центарот на баскет 3х3 турнирите.
Рекордна посетеност со што уште еднаш се докажа дека овој 3 х 3 баскет турнир е најдобар во Македонија.
Четири дена исполнети со многу забава, дружење но пред се врвна кошарка, со најдобрите екипи од цела Република Македонија и Балканот.
Четири дена во кои беа срушени рекордите на посетеност и заслужено овој 3х3 турнир го држи приматот за најпопуларен турнир во Македонија.
Финалето заврши со неизвесен меч помеѓу екипите на “Кино Влае” и “Еуро Едил”. Златен медал освои “Еуро Едил”, сребрен “Кино Влае”, а бронзен медал “3х3 Крушевац”.
Во јуниор делот победници беа екипата на “Тафта”.
Општина Бутел секогаш ќе биде главен поддржувач и генерален покровител на вакви настани. Нешто светско и еден сосема поинаков викенд во Бутел.




















