По 70 години за првпат се реконструира салата во ООУ “Панајот Гиновски” – се поставува нов под, се врши реконструкција на санитарните јазли и се градат нови соблекувални.
Локалната самоуправа обезбедува квалитетни услови за практикување на училишните спортови и непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование.
Овој значаен проект се реализира со поддршка на Министерството за образование и наука.
Во ООУ “Панајот Гиновски” беше поставена нова енергетско ефикасна фасада и беше изградено ново фудбалско игралиште со вештачка трева.
Наскоро, ќе започнат активности за надградба на училиштето и ќе се создадат услови за воведување на едносменска настава.
Општина Бутел продолжува да вложува во капитални проекти и промовира политики што поттикнуваат квалитет на образовниот процес.
