Општина Бутел по барање на граѓаните и врз основа на утврдената фактичка состојба на терен од страна на стручните служби, започна со изведување градежни активности за асфалтирање, санација и крпење на ударните дупки на целата територија на општина Бутел.
Активности за крпење на ударни дупки и санација на делови од улиците се во интезивен тек, а според планираното до крајот на наредната седмица оваа фаза ќе биде завршена.












