Продолжуваат активностите на терен до целосно расчистување на штетите и последиците од невремето кое ја зафати општината.
Општинските работници се цело време на терен со сите расположливи ресурси вклучувајќи ја и механизацијата.
Се отстрануваат сите дрва, гранки и останати предмети кои го попречуваат движењето на граѓаните.
Општинскиот кризен штаб ја следи ситуацијата и постојано контактира со Град Скопје, јавните претпријатија и останатите служби.








