Денес, на заеднички состанок со градоначалниците на општините и Град Скопје беа утврдени следните чекори за постапување по невремето.
Граѓаните на општина Бутел кои имаат оштетување на објектите за домување од вчерашното невреме, од утре во архива ќе можат да пријават штета.
Во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените штети, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за поддршка на граѓаните за санацијата на оштетувањата на објектите за домување.
Истовремено, беше договорено општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби да извршат засилени и строги контроли.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност и до претседателот на Владата на Република Македонија за брзата реакција и прогласување на кризна состојба.
Општинскиот кризен штаб и натаму е на терен и се расчистуваат последиците од невремето.
Градоначалникот изрази благодарност до општинските служби кои активно учествуваат на терен во расчистување на последиците од страшното невреме.






