Општина Бутел и оваа година е рангирана во најдобрата група со “многу добра” активна транспарентност.
Oпштина Бутел е рангирана на високото 22 место во најдобрата група со “многу добра” активна транспарентност и со 93,9 % исполнетост на обврските за објавување.
Општината е меѓу најтранспарентните општини како резултат на отвореноста кон граѓани.
Во минатото општина Бутел беше на дното и една од најлошите општини во град Скопје.
Комуникацијата со граѓаните се унапредува,се зацврстува довербата и се овозможува успешно спроведување на локалните политики.