Со одлична динамика се одвива градежната офанзива во Скопје Север.
Општина Бутел вложува 65 милиони денари во големи и значајни проекти во населеното место Скопје Север.
Во завршна фаза е третиот крак на улицата “Боро Менков”, а останатите два се веќе завршени. Реконструкцијата ги опфати тротоарите, пешачките патеки како и паралелните паркинзи. Ова е една од најголемите и најзначајните улици во Скопје Север.
Реконструкцијата на улицата “Костурска” заедно со двата големи паркинг простори и пристапни патеки напредува одлично и наскоро започнува асфалтирањето. Исто така, за првпат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење на жителите.
Заврши реконструкцијата на сите пристапни патеки до зградите во должина од 2000 метри. Со оваа реконструкција се опфатени зградите на улиците “Боро Менков”, “Костурска”, “Лазо Москов”, “Гоце Стојчевски”.










