Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

НОВ ЗАТВОРЕН БАЗЕН ВО БУТЕЛ 1

Градоначалникот Дарко Костовски со големо задоволство најави дека граѓаните на општина Бутел ќе добијат уште еден затворен базен во Бутел 1.

Покрај затворениот базен кој се гради во дворот на ООУ “Ацо Шопов”, уште еден ќе се изради во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски”.

Овој објект ќе биде симбол на она што претставува здрав живот за децата.

Градоначалникот изјави дека од моментот кога ја презеде функцијта за градоначалник на општина Бутел вети дека најголем фокус ќе биде грижата за децата.

Исто така, градоначалникот истакна дека со ефикасна работа и јасна визија може да се забрза развојот на спортската инфраструктура во општината.

Пливањето како спорт има огромно значење за здравјето и развојот на младите генерации.

Локалната самоуправа со ова овозможи не само услови за развој на спортски таленти, туку и простор за рекреација и здрав живот за сите жители на општината.

Општина Бутел со силна динамика и посветеност ќе продолжи да ги создава потребните услови за подобар живот и развој на граѓаните.

Previous ДАДЕНИОТ ЗБОР СЕ РЕАЛИЗИРА

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.