Нема запирање кога се работи за доброто и потребите на граѓаните на општина Бутел.
Денес градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните работи на улицата “Боро Кралевски” која во рекордно брзо време се завршува.
Улицата “Боро Кралевски” се протега на површина од 4000 метри квадратни и должина од 568 метри.
Повеќе од 40 години оваа сообраќајница никој не ја реконструирал.
Општина Бутел во изминатиот период ги реконструира улиците “Симче Настевски”, “Киро Димишков” и “Скоевска”.
Градоначалникот истакна дека граѓаните се оние кои му ја дадоа довербата и работи во нивен интерес.
Ова е уште една потврда на ветеното и уште еден чекор кон обнова и подобрување на патната инфраструктура на општина Бутел.









