Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

ОПШТИНА БУТЕЛ ДЕЛ ОД СКОПЈЕ 2028- ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА

Денес градоначалникот Дарко Костовски заедно со градоначалниците и градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го потпишаа Меморандумот за соработка во рамки на проектот “Европска престолнина на културата – Скопје 2028”.

Ова претставува значаен и историски чекор за општина Бутел, со што општината станува активен и рамноправен дел од најголемиот европски културен процес што некогаш се реализирал во нашиот град.

Со ова, општина Бутел јасно ја потврдува својата визија за развој, отвореност и европска ориентација, ставајќи ја културата во срцето на локалниот и општествениот напредок.

“Скопје 2028” не е само културна титула, тоа е доказ дека европските вредности не се апстрактни, туку живи и применливи на локално ниво.

Општина Бутел останува посветена на активна, одговорна и креативна улога во реализацијата на овој процес, со јасна цел да придонесе кон достоинствено, успешно и европско Скопје во 2028 година и понатаму.

Previous УСВОЕН РЕКОРДЕН БУЏЕТ ОД 848 МИЛИОНИ ДЕНАРИ – ЛЕВИЦА, ДУИ И ВЛЕН ПРОТИВ РАЗВОЈОТ НА ОПШТИНАТА БУТЕЛ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.