Општина Бутел обезбеди средства за еднократен паричен надомест за секое новороденче во општина Бутел, во износ од 5000 денари.
Градоначалникот Дарко Костовски изрази задоволство и истакна дека предизборното ветување за финасиска поддршка од 3000 денари за новороденче, се исполнува со зголемување на помошта, во износ од 5000 денари.
Локалната самоуправа за првпат обезбедува средства во износ од 5000 денари, како резултат на домаќинска работа и менаџирање на буџетот.
Финансиската поддршка за секое новороденче е активност во рамки на програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Покрај тоа, локалната самоуправа инвестира во инфраструктура која ќе ја подобри иднината на секое дете – се градат две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а наскоро ќе започне изградба на нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1.
Општина Бутел гради и создава услови за иднина за секое семејство.