Изграден е нов потпорен ѕид на улица 50 во населеното место Радишани.
Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел од улицата.
Изградбата на потпорниот ѕид обезбеди дополнителна сигурност на објектите на граѓаните и заштита од можно лизгање на земјиштето.
Потпорниот ѕид е најголемо барање на граѓаните од ова населено место.
Наскоро, локалната самоуправа ќе преземе активности за реконструкција на улицата, која е оштетена поради лизгањето на земјиштето.







