Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЧИЛИШНАТА САЛА ВО БУТЕЛ 2 НАПРЕДУВА СО ОДЛИЧНА ДИНАМИКА

По 70 години за првпат се реконструира салата во ООУ “Панајот Гиновски” – се поставува нов под, се врши реконструкција на санитарните јазли и се градат нови соблекувални.

Локалната самоуправа обезбедува квалитетни услови за практикување на училишните спортови и непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование.

Овој значаен проект се реализира со поддршка на Министерството за образование и наука.

Во ООУ “Панајот Гиновски” беше поставена нова енергетско ефикасна фасада и беше изградено ново фудбалско игралиште со вештачка трева.

Наскоро, ќе започнат активности за надградба на училиштето и ќе се создадат услови за воведување на едносменска настава.

Општина Бутел продолжува да вложува во капитални проекти и промовира политики што поттикнуваат квалитет на образовниот процес.

Previous АСФАЛТИРАЊЕ И КРПЕЊЕ НА УДАРНИТЕ ДУПКИ

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.