Општина Бутел додели финансиска помош на 1.100 пензионери.
Локалната самоуправа продолжува со заложбата за подобрување на животниот стандард на пензионерите и за првпат воведе доделување на еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.
Општина Бутел ќе продолжи со оваа мерка за помош и во наредните 4 години.
Највозрасните жители- пензионерите заслужуваат сигурност и достоинствен живот. Оваа мерка беше уште еден чекор во континуираната грижа за повозрасните сограѓани, со која општината дава конкретна финансиска помош, но и јасна порака дека тие не се заборавени.
Ова е дел од долгорочната стратегија за подобрување на условите за сограѓаните.