Локалната самоуправа ги менува работите од корен, за да обезбеди пристојни услови за живот на сите граѓани.
Општина Бутел инвестира и гради онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес.
Локалната самоуправа вложи во нова патна инфраструктура како никогаш досега. Асфалтирани се 102 улици во вредност од 320 милиони денари.
Градоначалникот Дарко Костовски заедно со сите граѓани продолжува да ја гради и развива општина Бутел во подобро место за живеење.