Општина Бутел продолжува со поставување на сообраќајната опрема за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Во соработка со жителите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или таканаречени “легнати полицајци” на повеќе фреквентни локации и улици низ сите населени места.
Поставувањето на нови таканаречени “легнати полицајци” е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Ова е уште едно исполнето предизборно ветување на градоначалникот Дарко Костовски.






