Градоначалникот Дарко Костовски со задоволство најави дека за првпат општината ќе обезбеди надоместок за новороденче, во износ од 3000 денари.
Оваа поддршка е дел од заложбата за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел.
Општина Бутел не застанува – инвестира во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете.
Локалната самоуправа изгради две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе изгради уште три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1.
Општина Бутел создава услови за развој и иднина за секое семејство.