Работно време: Пон - Пет 08:00 - 16:00 часот

MK

ENG

ALB

СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА СЕВЕРОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Денес градоначалникот Дарко Костовски заедно со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, се сретнаа со претставниците на управувачките тела на Стопанската Комора на Северозападна Македонија, како и со претставници од бизнис секторот во индустриската зона Визбегово.

Разговараа за теми кои се од значаен интерес за развојот на бизнис-структурата и за тоа како локалната самоуправа може да помогне.

Општина Бутел како општина во која се наоѓа една од најголемите индустриски зони “Визбегово” изминатиот период беше посветена на развојот и подобрување на условите во зоната.

Локалната самоуправа изработи комплетна документација за главната улица “стар Качанички пат”, улица која е од големо значање за целата зона.

Соработката ќе продолжи и во иднина затоа што општината, комората и државата мораат да се развиваат заедно.

Previous РАДИШАНИ ДОБИ НОВ МЕГА-ПАРК ОД 10 000 м2

ул. “Бутелска” бр. 4, Скопје

Работно време:

понеделник – петок: 08:00 – 16:00 час.

Структура на општината

Општина Бутел © 2022.