“Денес општинската изборна комисија Бутел ми го врачи Уверението за мојот избор за градоначалник на општина Бутел во втор мандат.
Благодарам на сите граѓани на општина Бутел за поддршка и доверба која ми ја дадовте. Вие сте мојата најголема мотивација и причина да продолжам со уште поголема посветеност и нови проекти. Ги менуваме работите за да обезбедиме пристојни услови за живот на сите граѓани. Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес. Така и ќе продолжиме. Честитки до општинската изборна комисија Бутел за успешно спроведениот изборен процес за избор на градоначалник и членови на Советот на општината. Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење.” – градоначалник Дарко Костовски.




